Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Соба под вода во Индискиот Океан!

(ВИДЕО) Соба под вода во Индискиот Океан!

Хотелска соба во Танзанија обезбедува неповторлива глетка кон подводниот свет. 

Хотелска соба со поглед кон морето е остварлив сон. Неодамна има и таков хотел во далечна Танзанија.

Млад пар од Шведска барал нешто сензационално за меден месец и го открил во Танзанија - хотел под вода.

Нуркањето, се разбира, е вклучено во цената. 

„Ова е исклучително искуство, да си опкружен само од вода и риби. Многу е импресивен. Во текот на ноќта е исто така неверојатно убаво со сите овие рефлексии, со рибите, кои минуваат покрај тебе. Душа не ти дава да заспиеш"- вели Каролин Лифланд, туристка од Шведска.

Овој луксуз има своја цена. Ноќевањето чини 1.500 долари.

Риболовот е забранет во радиус од 1 километар околу подводниот хотел. Сопствениците на хотелот планираат изградба на уште три подводни соби, пренесува „Дарик".


Слично

Поврзани вести