Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со Tile никогаш нема ништо да изгубите!

(ВИДЕО) Со Tile никогаш нема ништо да изгубите!
Tile е мал електронски уред кој ќе ви помогне да ги пронајдете вашите предмети преку GPS лоцирање и може да се поврзе со специјализирана апликација за iPhone. Tile може да го закачите на било каков предмет, како што се клучеви, облека, ранци, бидејќи има големина на привезок и при лоцирање се активира и аларм, објави порталот Телефони.мк Целта на основачите на Tile, освен во полесно наоѓање на предмети кои често забораваме каде сме ги оставиле е да се создаде мрежа на корисници кои ќе си помагаат меѓу себе при наоѓање на украдени предмети бидејќи локаторот може да го регистрираат сите и потоа да ја споделат информацијата преку Cloud сервисот. Цената на Tile изнесува 19.95 долари и може да се порача преку сајтот на компанијата. Tile е компатибилен само со платформата на iOs, а кога повеќе смартфони ќе добијат Bluetooth 4.0 подршка ќе биде изработена и апликација за Android. http://www.youtube.com/watch?v=pqDm3gZNZPM
Слично

Поврзани вести