(ВИДЕО) Со автомобил во базен!
Еден 85-годишен човек од Алтадена, Калифорнија влетал во базен со својот скап автомобил - и тоа во сопствениот двор!
Како што информираше полицијата во Алтадена, мажот со бела лимузина излегувал од сопствената гаража и паднал директно во базенот. Тој не е повреден.
Возачот открил дека неговата сандала му се заглавила во педалата и загубил контрола врз возилото. За среќа, во тој момент немало никој ниту во базенот.
http://www.youtube.com/watch?v=pA-u6zgnAaY#t=21
Слично
