(ВИДЕО) Слонче не сака да се раздели од мртвата мајка
Потресни фотографии и видеа на кои бебе-слон бдее над својата убиена мајка во Северна Кенија синоќа го преплави интернет.
Откако мајката загинала, младото слонче легнало до неа и не сакало да се помрдне долго време и покрај настојувањата на активистите за заштита на животните, ловочуварите и другите. Едноставно, слончето одбивало да се одвои од мајката. Така издржало цела ноќ.
Дури следното утро активистите успеале да го успијат и да го пренесат во сиропиталиште за слонови. Му го дале името Сокотеи.
Слично


