Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Што симболизираат светлата на најголемата елка во светот?

ВИДЕО: Што симболизираат светлата на најголемата елка во светот?

Светлата на елката во градот Губио, Италија имаат особено значење за луѓето. 

Тие се посветени на блиските и пријателите, кои засекогаш го напуштиле овој свет.

Zoomin TV ја раскажува приказната на четири момчиња, кои елката во градот ги потсетува за нивен добар пријател.

Рикардо умира од рак на панкреасот. 

„Беше многу посебен човек, вистински пријател, уживаше во животот“ - вака момчињата  го опишуваат својот другар.

Во пресрет на празниците,  пријателите на Рикардо одржаа комеморација и писмо му акачија на врвот на огромната елка во Губио. 

Интересни факти за елката во Губио

- Тоа е голема 650 метри;

- Всушност тоа не е вистинска елка, туку светлата се наредени во форма на елка на падините на еден рид;

- Жителите на италијанското гратче ја добиле во 1981 година

- Секоја година 250 светилки ја красат елката;

- Таа е впишана во Гинисовата  книга за рекорди како најголема елка во светот;


Слично

Поврзани вести