(ВИДЕО) Што се случува внатре кога пере машина за садови?
Ако некогаш се запрашавте како како машината ги пере садовите и што точно се случува кога ја затвориме вратата од апаратот и го покренеме процесот, задолжително погледнете го интересното видео.
Љубопитен Јутјуб корисник објавил видео кои ни овозможува да ја следиме целата постапка на перење во машината за садови. Водоотпорната камера ја закачил за внатрешноста на машината и ја снимил целата постапка од затворањето на вратата на машината до добивањето на чистите садови.
Верувале или не, постапката за перење садови е слична на наводнување на градината. Откако се затворат вратите на машината, пумпата за вода излегува на површината и како прскалка во дворот се врти во круг и ги пере остатоците од храна на вашите садови и тањири.
Погледнете во видеото како изгледа постапката:
