ВИДЕО: Што ги дели, а што ги зближува младите од Битола, Велес и Струга?
Поделеноста во општеството и присуството на политиката во секојдневието, а особено меѓу младите се теми на кои зборуваат младите во документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“. Средношколците од Струга, Велес и Битола раскажуваат, како поделеноста им влијае за да се социјализираат со врсниците кои по нешто се разликуваат од нив.
Младите во овој документарен филм, иако се од три различни градови посочуваат исти проблеми, а размислуваат и за исти решенија.
Овој документарен филм е дел од проектот „Млади заинклузија, еднаквост и доверба” кој е финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на проектот е да се поттикнат младите од регионот да се вклучат во конструктивни наративи, зајакнување на меѓукултурниот дијалог, инклузија, родовата еднаквост и создавање меѓусебно разбирање и доверба во Западен Балкан. Двегодишната иницијатива која започна од јуни 2022 година и се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, ќе ја подобри улогата на младите во промовирање на зголемено разбирање и почитување на различностите. Проектот е финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир, спроведен од УНДП, УНФПА, УНЕСКО, UN Women.
Очекувањата од овој проект се дека ставовите на младите ќе се сменат кон поголема отвореност и доверба во младите од другите области во регионот. Да се создадат услови за младите да преземат активна улога во креирањето позитивни наративи, градење доверба и заедничка иднина. Да станат идентификувани и омоќени нови младински амбасадори на промена и доверба во регионот.
Младите луѓе во регионот и понатаму се под влијание на негативните наследства од минатото, особено младите кои живеат во сегрегирани области со етничко мнозинство и кои учат во сегрегирани училишта и образовни системи. Повеќето немаат директно сеќавање на заеднички мирен соживот. Многу малку млади луѓе патувале надвор од регионот, а други дури не ги посетиле ниту поголемите градови во нивните земји и територии. Ширењето на лажни вести, дезинформации и говор на омраза на интернет ги размножува стереотипите и ја зајакнува недовербата. Силеџиството на социјалните медиуми е вообичаено, а жените и девојките се особено погодени од тоа. Меѓутоа, сè повеќе млади стануваат медиумски и информациски писмени и на говорот на омраза одговараат со позитивни приказни и пораки. Младите, исто така, стапуваат во контакт со своите врсници и градат вистински или виртуелни врски по етнички линии. Повеќето млади веруваат дека младинската размена може да има позитивно влијание врз регионалните односи.
Младите во Западен Балкан се од суштинско значење за зајакнување на демократијата и промовирање позитивни социјални трансформации, но и покрај тоа, донесувачите на одлуки честопати не ги земаат предвид нивните потреби и аспирации. Затоа, вклученоста на младите во донесувањето одлуки треба дополнително да се стимулира и подобри.
ПР објава