Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Семејство живее во пештера над 50 години

ВИДЕО: Семејство живее во пештера над 50 години

Пред повеќе од половина век сопружниците Лианг Зи Фу и Ли Су Уинг го оставаат урбаниот живот и создаваат свој дом во пештера во планините во близина на кинеската провинција Сечуан.


Причината за драстична промена во нивниот живот била недостаток на станови по прифатлива цена. Така семејството решава да живее во планината и да ја обезбедува својата егзистенција како примитивните луѓе.

Двајцата пијат изворска вода, садат земјоделски култури, а мажот оди во лов на диви свињи.

Сопружниците се веќе прилично возрасни, но продолжуваат да живеат во пештерата во која се одгледани нивните четири деца.

Властите во реонот се обидуваат да ги убедат мажот и жената да живеат во нормално живеалиште, но тие одбиваат да го напуштат својот дом, кој располага со три спални, кујна и дневна соба.


Слично

Поврзани вести