Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Село во кое „врие“ од туристи поради грешка на Гугл

(ВИДЕО) Село во кое „врие“ од туристи поради грешка на Гугл

Посетители барајќи ја карпата Прекестолен отишле скоро 30 километри подалеку од местото. 

Тие стигнале во селото Фосморк, кое е 30 километри подалеку од познатата карпа Прекестолен. Редица од минибуси имало надвор од селото.

Жител на Фосморк вели дека во одредени периоди од годината, по десетици автомобили пристигнуваат во еден ден.

„Вративме стотици туристи без сомнеж дека се на погрешната страна на фјордот. Во летниот период 10-15 автомобили се појавуваат секој ден“ - рече Фосмарк за весникот Ставангер Афтенблад.

Уште еден локален жител, Гунар Боу, објасни дека зборувале со туристи од целиот свет.

„Кога сме во кабината, понекогаш двајца, тројца, четворица или повеќе туристи доаѓаат, секој ден. Велат дека одат во Прекестолен и не разбираат ништо. Гугл мапс ги води преку мостот Лисефјорд во Фосморк. Патот тука е доста тесен и понекогаш се прилично вознемирени кога ќе им кажеме дека треба да се вратат“- вели  тој.

Гугл објави дека ги цени сите повратни информации што ги добива и секогаш е во потрага за  подобрување на своите сервиси.

Карпата која луѓето ја бараат е волшебно место кое нуди прекрасен поглед. 


Слично

Поврзани вести