(ВИДЕО) СЕКОЈ ДЕН БЕЗ НЕГО Е ТАЖЕН: Тоше некои те заборавија, ама ние не-Каде и да си брани не од зло!
Oбожавателите ширум регионот ќе му оддадат почит на прерано починатиот пеач, Тоше Проески кој денес би наполнил 36 години.
Најголемата музичка ѕвезда на просторите на Македонија и екс Југославија-Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Тој ден цел Балкан го разбуди веста која одекна како молња.
Многу негови фанови беа убедени дека ова е само една неубава шега, но кога почнале да стигнуваат првите фотографии од смачканиот џип со потпис „Тоше“, сите сомневања исчезнаа.

Принцот на балканската поп музика беше мртов. Проески е погребан во родното Крушево со највисоки државни почести, а од популарниот пеач се простоија неколку илјадници луѓе. Постхумано е прогласен за почесен граѓанин на Македонија.
Љубовта кон музиката и песната го одредувале неговиот животен пат уште од детството. Првиот настап пред публиката Тоше го имаше на 11 години на детскиот фестивал „Златно славејче“. После неколку години неговиот талент го препознава еден од најпознатите македонски композитори и оттогаш неговата кариера тргнува само нагоре.
Неговата популарност на Балканот расте, а поради своите хуманитарни активности станува идол на младата популација. Суперхеројот кој им дава надеж во победа на доброто над злото. Албумот „Ако ме погледнеш во очи“ врв на кариерата Неговиот талент оваа публика го препознава и го наградува со Оскар на популарноста на фестивалот „Сунчане скале“. Во 2003-та ја започнува соработката со Лилјана Петровиќ, која ќе му го донесе албумот „Ако ме погледнеш во очи“. Овој албум е работен во Атина, а беше промовиран во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Стана најкопираниот музички материјал кај пиратите, поради што не можеше точно да се утврди бројката на неговата продаваност. „Во еден момент некој ми рече дека би сакал да слушнам некое момче од Македонија кое пее како славеј. Јас реков, нема проблем, побарајте го“, рече Лилјана Петровиќ. „Се сеќавам дека единствениот повик на кој одговорив тој ден кога се сретнавме со Лилјана беше нејзиниот телефонски повик“, изјавуваше Тоше. Хуманитарна награда Мајка Тереза 2004-та беше негова година. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизискиот избор во Турција каде го освои 14-то место. Ја доби хуманитарната награда „Мајка Тереза“. Таа година беше именуван за регионален амбасадор за добра волја на УНИЦЕФ, заради што ја издаде песната „За овој свет“. 2007та го потпиша и договорот со „Далас рекордс“ за негов пласман во Хрватска и Словенија. Со песната „Чија си“ во 2003-та Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“.
-„Не сакам да ми симнувате капа“. Сакам само да се гордеете со мене.
-„Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур“.
-„Не биди себичен. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе. Сакајте се!
Изложба на фотографии и нова песна за роденденот на Тоше
Да, убаво прочитавте. Во Спомен-куќата на Тоше во Крушево со изложба на фотографии, крводарителска акција и нова песна ќе биде обележан денешниот роденден на Тоше.Нека му е среќен, зошто Тоше има само ден на раѓање-Денес ќе полнеше 36 години.
