Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ СЕЌАВАТЕ НА МОМЧЕТО КОЕ ПИШУВАШЕ НА УЛИЦА: Денес изгледа вака, а животот целосно му се смени од една фотографиија!

(ВИДЕО) СЕ СЕЌАВАТЕ НА МОМЧЕТО КОЕ ПИШУВАШЕ НА УЛИЦА: Денес изгледа вака, а животот целосно му се смени од една фотографиија!

Eдна од најтажните и најпотресни фотографии во 2015 година беше фотографија со момче од Филипините, кое клечеше на колена пред Мекдоналдс за да под улично светло може да ја заврши својата домашна задача.

Година дена подоцна стана јасно дека животот на Даниел Кабрер од моментот кога фотографијата е споделена на социјалните мрежи, целосно се променил.

Студентката по медицина Џојс Торфанс ја забележала потресната глетка на улица и го сликала ова момче, а неговата фотографија ја објавила на Фејсбук. Неговата приказна погоди многумина, па наскоро почнаа да уплатуваат донации за неговото семејство.

Кон крајот на 2016 година приказната за малиот Даниел и неговата мајка покажува дека светот би бил подобро место за живот ако повеќе си помагаме едни на други.

Момчето е меѓу десетте најдобри ученици во своето одделение, помеѓу останатото и затоа што сега наместо на паркингот на ресторанот ги има сите услови во својот дом да учи .

„Не сме се виделе со Џојс од минатата година, а многу би сакал да и се заблагодарам“, вели Даниел.

А тоаш следи тажна средба на момчето и неговата хумана помагателка, но за разлика од претходното видување кога момчето живееше во распадната барака без струја и вода, овој пат 10-годишниот Даниел и неговата мајка ја дочекаа Џојс во многу поубаво опкружување.

„Среќна сум што повторно сме заедно“, рекла Џојс со солзи радосници во очите и го гушнала момчето, додека двајцата не можеле да ја тргнат насмевката од лице.

„Ти благодарам тетка Џојс“, рекол Даниел, кој планира еден ден да стане полицаец.

Погледнете го видеото:


Слично

Поврзани вести