(ВИДЕО) РОБОТИТЕ ПОЛЕКА ГО ПОТИСНУВААТ ЧОВЕКОТ:„Сели“ прави 1000 салати-една за минута!
Сели е робот кој може да направи повеќе од 1 000 различни салати. И не само што е во состојба да направи салата за една минута, туку во текот на подготовката пази на секоја калорија.
Идеја на калифорниската компанија Chowbotics е Сели да биде пред се „додаток“ на останатите апарати за пијалок и храна во фирмите во кои работат голем број на луѓе , како и во супермаркети како автомат кој на секој купувач може да му направи салата по желба.
Апаратот содржи 20 различни состојки, од кои комбинации е во состојба да направи повеќе од 1 000 салати. Сепак, Сели не може да направи се сама бидејќи некој мора да го исече овошјето и останатите состојки да ги вметне во преградите. Сепак, роботот за салата има и една мана: поради неговата специфична текстура Сели не сака авокадо.
Цената на овој уред е околу 30 000 долари, а првата би требало да биде поставена во Сан Франциско во текот на април.
А компанијата Chowbotics работи и на верзија наменета за домашна употреба.
