(ВИДЕО) РОБИН ВИЛИЈАМС: Човекот го засмејуваше светот, страдал од силна депресија
Холивудскиот актер и комичар Робин Вилијамс бил пронајден мртов денеска во неговиот стан во Северна Калифорнија. Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, предизвикано со гушење.
„Во последно време се бореше со депресивни состојби. Но, ова е ненадејна и трагична загуба. Семејството моли за приватност во овие за нив исклучително тешки времиња“, изјави неговата портпаролка Мара Буксбаум.
Во изминатиот период, Вилијамс се бореше и со зависноста од алкохол. Сопругата на Вилијамс, графичката дизајнерка Сузан Шнајдер, со која се венча во 2011 година, испрати соопштение до медиумите.
„Утрово го загубив мојот сопруг и најдобар пријател, а светот загуби еден од саканите уметници и прекрасно човечко суштество. Срцето ми е буквално скрешно“, напиша таа.
http://www.youtube.com/watch?v=GE0RJtrIARs
Веста за смртта на легендарниот актер го потресе Холивуд, но и неговите обожаватели насекаде низ светот. Вилијамс е добитник на Оскар за улогата на учител во филмот Добриот Вил Хантинг во 1998 година.
http://www.youtube.com/watch?v=DYI27bY3mQc
Сочувство за смртта на Вилијамс изрази и американскиот претседател Барак Обама. „Робин Вилијамс беше пилот, лекар, гениј, дадилка, претседател, професор, Петар Пан и се помеѓу. Но тој беше единствен. Тој дојде во нашите животи како вонземјанин, но го допре секој елемент од човечката душа“, напиша Обама.
http://www.youtube.com/watch?v=uFsjhMjaFsU
Слично
