Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Решена мистеријата за џиновската дупка во Сибир

(ВИДЕО) Решена мистеријата за џиновската дупка во Сибир

Руските научници сметаат дека огромната дупка која изненадно се појави во земјата на северот на Сибир настанала како последица од глобалното затоплување.

Тие ја отфрлиле можноста дека падот на меторот можел да направи џиновски кратер на полуостровот Јамал што во превод значи „крај на светот“.

Истражувачот Андреј Плеханов рекол дека мистериозната дупка која се отворила во сибирскиот регион богат со  се должи на акумулираниот подземен притисок кој се јавил како последица од порастот на температурата.

Плеханов го посетил џиновскиот кратер и при таа прилика оценил дека воглавно е сочинет со лед, околу 80 одсто.

Тој демантирал дека дупката можела да настане од падот на метеоритот или, како што наведуваат поедини извори, доаѓање на НЛО, пишува „Дејли меил“.
Слично

Поврзани вести