ВИДЕО: Пуштен во употреба најдолгиот тунел кој поминува низ Алпите
Најдолгиот тунел во светот, изграден во Швајцарија е отворен за сообраќај, соопштија швајцарските сојузни железници.
Тунелот, наречен ГБТ (Готард базен тунел), помеѓу Цирих и Лугано, е долг 57 км и поминува низ планината Сент Готард во Алпите.
На изградбата на железничкиот тунел се работеше 17 години, а чини речиси 11 милијарди евра.
Новиот коридор Рајна - Алпи директно го поврзува Северно Море со Медитеранот, од Ротердам до Џенова.
Низ тунелот секојдневно ќе минуваат 260 товарни возови со брзина од 100 км / ч и 65 патнички, кои ќе се движат и до 200 км / ч.
По овој тунел, најдолгиот во светот се тунелот Сеикан во Јапонија (53,9 км) и тунелот под Ламанш меѓу Франција и Велика Британија (50,5 км).
Слично
