Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Прв автопат кој свети во мрак отворен во Холандија

(ВИДЕО) Прв автопат кој свети во мрак отворен во Холандија

Автопатот чии линии по рабовите светат како возчите полесно би се снаоѓале во мрак, е отворена денеска во Холандија.

„Smart Highway“ проектот - први такви видови во светот - ги измислил дизајнерот Даан Росегард, кој веќе подолго време работи на креирање „интерактивни и одржливи“ автопатишта.

Секој раб на автопатот N329 во градот Осу е обоен со три линии фото-луминисцентна боја. Бојата ја впива светлоста во текот на денот, а потоа свети светло-зелено осум часа во текот на ноќта.

Искуството на возење ноќно време по автопат е како „премин низ бајка“, вели Росегард.

Овие светли линии можат да помогнат да се заштеди енергија која инаку би се користела во јавно осветлување.

Ова е само прва во низата автопати со интерактивни ознаки кои Росегард сака да ги воведе во соработка со градежната фирма Хеијманс. Следниот месец, дизајнерот ќе ја претстави велосипедската стаза која е инспирирана од Сликата на Ван Гог „Ѕвездена ноќ“.

Росегард исто така предлага улично осветлување кое се вклучува и исклучува во зависност од тоа дали има сообраќај на неа или не.

Слично

Поврзани вести