Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Продадена најголемата колекција видео игри на светот

(ВИДЕО) Продадена најголемата колекција видео игри на светот

Иако идентиетот на личноста која платила 750.250 долари за најголемата колекција видео игри на светот, судејќи според Гинесовата книга на рекорди, моментално е непознат, можеме да се надеваме дека има многу слободно време, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Купената колекција содржи преку 11.000 игри, а нејзиниот поранешен сопственик Мајкл Томасон, ја понуди на продажба на почетокот на јуни, а борбата на купувачи со тек на времето се сведе на двајца.

Со оглед на прифатената сума, купувачот секоја игра во просек ја платил 68 долари, што е близу до цената по која се продаваат денешните игри.

Во прашање е една од најголемите приватени колекции, а истата содржи прилично ретки примероци на хардвери како што е NUON и Tapwave Zodiac.

Слично

Поврзани вести