Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Претседател на холандска банка држеше говор како трансвестит

(ВИДЕО) Претседател на холандска банка држеше говор како трансвестит
Корпоративните говори знаат да бидат досадни, но Герит Залм, претседател на холандската банка, АБН Амро се обиде со нов пристап да ги направи поинтересни - на вработените им се обрати облечен како трансвестит, во светло сино здолниште, со ракавици во златна боја и перика на главата.

Залм, кој е и поранешен холандски министер за финансии, се појави на собирот во лик на својата „сестра“, Присила, сопственик на бордел објаснувајќи дека банкарите би можеле многу да научат од „неа“.

„Каде отиде она правило дека купувачите се во право секогаш, кое важеше со векови? Тоа мото и понатаму е на сила во мојата бранша. А, банките дури неодамна слушнаа за него“, се пошегува алтер егото на Залм.

Портпаролот на банката изјави дека банката има традиција да организира кабаре забави за вработените од 2005-та година. Претходните години претседателот на банката држел говори маскиран во сопственик на циркус или во свој фиктивен брат. http://www.youtube.com/watch?v=w2dvJGc8uL8    
Слично

Поврзани вести