(ВИДЕО) ПРЕМОЌНО: Ова е најлудото скијачко спуштање во 2014!
Ако ви кажеме дека од ова видео ќе ви се заврти во глава , можеби нема да ни поверувате. Но нас баш не интересира дали во еден момент, гледајќи го, ќе престанете да дишате.
Скијачот Коди Таунзенд од Калифорнија го изведе најопасното спуштање во 2014, а кога фрлите само еден поглед на стрмнината која ја освои, ќе помислите дека станува збор за Супермен.
Таунзенд во саботата во Солт Лејк Сити е награден за овој подвиг, а за неверојатното спуштање низ тесната клисура широка само метар ипол, на еден планински врв на Алјаска, му требале само 30 секунди.
На почетокот на видеото, кое сигурно ќе ви го запре здивот, Таунзенд на врвот на провалијата диша длабоко и изговара: „Оф сега веќе сум нервозен“, со секако сочна пцовка.
Како преживеал, погледнете во видеото:
