(ВИДЕО) ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТО: Кога ќе почне и каде ќе може да се види?
Целосното помрачување на Сонцето кое ни се доближува - најголемо во Европа од 1999 - ќе блокира повеќе од 90 одсто од Сончевата светлина над некои делови од Европа а ќе се случи на 20 март и ќе трае околу два часа.
Ова помрачување, е резултат на поминувањето на Месечината помеѓу Земјата и Сонцето, и би можело да предизвика проблеми во соларното напојување.
Доколу патувате на Фарските острови, што може да очекувате? Прво, ќе набљудувате делумно помрачување на Сонцето, а на крај ќе бидете дел од целосното помрачување. Секако, сето ова може да го следите со користење на специјални наочари. Доколку ги немате, ќе ви биде оштететен видот.
Како што ќе напредува помрачувањето, така ќе се намалува и температурата. Небото ќе станува се потемно, а светлината која ќе биде присутна ќе има чудна боја, како на филм. На крај ќе дојде до целосно помрачување, а Сонцето ќе исчезне. При таа прилика ќе ја здогледате Венера, Марс и Меркур како сјаат на темното небо.
Почетокот може да се очекува во 8:25 часот, а средното помрачување во 9:31. Овој тајминг е претставен за Лондон, а помрачувањето ќе заврши во 10:41 часот.
Вака изгледа целиот процес на помрачување на Сонцето: 2 март во 6:05 (полна месечина), 13 март во 5:48 (месечина во последниот квартал), 20 март од 8:25-10:41 (помрачување на Сонцето) и 27 март во 7:42 (месечина во прв квартал).
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=hFonkqxR2vg[/embed]