Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поинакви плажи од досега видените: Овие места мора да ги посетите барем еднаш во животот

(ВИДЕО) Поинакви плажи од досега видените: Овие места мора да ги посетите барем еднаш во животот

Ни дојде летото а мислите се повеќе летаат кон прекрасните песочни или карпести плажи во нашето опкружување.

Меѓутоа, некои од најнеобичните и најубави плажи се целосно поинакви од она на што сме навикнати. Запознајте ги скриените морски драгоцености кои ќе ве воодушеват.


Скриена плажа

Плажата љубов на Мариета островите во Мексико има, всушност многу насилно минато. Формирана е во период кога мексиканските власти тестирале бомби и наравиле огромна дупка внатре во карпите. Денес тоа е една од најинтересните туристички дестинации во тоа подрачје.

Сјајна плажа

Замислете ѕвездена ноќ и океан пред вас. Да така изгледа оваа плажа на Малдивите. На плажата се наоѓаат мноштво фитоплактони кои сјаат кога се вознемирени, што ја доловува нејзината убваина.

Плажи со врела вода

Заборавете на џакузи и базени. Замислете топла купка со подводни врела-глетка која ќе ја затекнете кога дојдете на новозеландскиот полуостров Коромандел. А водата е загреана на некои места и до 60 степени Целзиусови.

Зелена плажа

Можеби на прв пат изгеда дека таа плажа е прекриена со мов, но тоа всушност е бојата на песокот на Папаколеа плажата на Хаваите.


Како настанала зелената боја? Околниот вулкан произведува зелен минерал кој допира до Папаколеа . Тоа е една од четирите зелени плажи на светот.

Пустинска плажа

Ако мислевте дека пустините се сместени само на суви места, тогаш сигурно не сте слушнале за националниот парк Ленсуа Маранјенсес во Бразил. Секоја година, обилните дождови го поплавуваат националниот парк што резултира со преубави лагуни со бел песок. Ако сакате да ја посетите, најдобро време за тоа е период од мај до септември. Тогаш во водата може да се видат и риби.

Слично

Поврзани вести