Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Паметните табли Smart Boards достапни и во Македонија!

(ВИДЕО) Паметните табли Smart Boards достапни и во Македонија!
Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, отсекогаш се движи  паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на интересите и отвореноста на пазарот за напредни технологии. Од неодамна и на македонскиот пазар за првпат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards. Паметните табли (Smart Boards) се канадски производ кои го освоија светот поради мултифункционалноста што ја нудат. Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла.  Со овие карактеристики, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино. Увозник и застапник за Македонија е компанијата Унет, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации. Анета  Антова Пешева,  генерална директорка на Унет, објаснува дека Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред -  правец во кој треба да се движи и Македонија. „Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар“, истакна Пешева. http://www.youtube.com/watch?v=rRATtmaGHK4&feature=share&utm_content=E70+Dec+2&utm_campaign=E70+%2F+Touch+the+Difference&utm_source=Facebook%3A+SMART+Technologies&utm_medium=post&WT.mc_id=Facebook%3A+SMART+Technologies_E70+%2F+Touch+the+Difference_E70+Dec+
Слично

Поврзани вести