Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Овој петок 13-ти можеби навистина ќе биде „баксузен“

(ВИДЕО) Овој петок 13-ти можеби навистина ќе биде „баксузен“

Трите главни соларни ракети во текот на изминатите два дена, ослободија огромен облак од честички кои можат да ја блокираат комуникација на земјата и работата на сателитите.

Короналното исфрлање на маса, огромен облак од радиоактивни честички и магнетен ударен бран, би можеле да стасаат до нашата планета во петок.

Три соларни ракети доведоа до кратки паузи во комуникацијата на високи фреквенции, како што се радио преносите и комуникацијата во воздушниот сообраќај.

Соларните ракети обично се безопасни, бидејќи атмосферата на Земјата апсорбира најголем дел од штетните честички кои се испуштаат. Сепак, тие може да ги оштетат сателитите и да го нарушат слојот на атмосферата кои  го користат некои форми на комуникација.

Меѓутоа, со короналното исфрлање на маса, штетата може да биде далеку посериозна, па дури и може да предизвика пад на електричната мрежа.

Сепак, веројатноста тоа да се случи е многу мала, и  веројатно само мала штета ќе претрпат сателитите.

Последниото големо коранално изфрлување на маса, кое е под влијание на Земјата се случи во 1859 година кога компасите откажаа а магнетното поле се збуни.

Аурора Бореалис тогаш беше видлива дури и во Куба, бидејќи честичките од Сонцето се одбиваа од атмосферата на Земјата.

Слично

Поврзани вести