(ВИДЕО) Оваа жена е вистинско медицинско чудо и инспирација за сите кои мислат дека животот е тежок!
Висока е само 80 сантиметри. Роусмарие Сигинс е најмалата мајка на светот. Таа е вистинско медицинско чудо и инспирација за сите луѓе на кои им е тешко во живтот и кои сметаат дека животот е тежок.
Кога имала само две години, докторите кај Роус откриле една јако ретка болест во кичмата и така морале да и отстранат дури половина од долниот дел на телото! Уште како дете, таа открила дека протетските нозе за неа се премногу болни, за да може да се движи, и почнала да користи скејтборд.
Кога била тинејџерка, Роус била загрижена дека никогаш во својот живот нема да ја пронајде љубовта и да има можност за семејство, но сето тоа се променило кога го запознала автомеханичарот Дејв Снгинс.
Двојката се вљубила, се венчале и на големо изненадување зачнале дете. Докторите тогаш ја советувале Роус да ја аборртира бременоста поради можните компликации за жената и нејзината состојба. Таа не ги слушала докторите и сега има две здрави деца.
Таа раскажува како нејзините деца сакаат што имаат најмала мајка на светот и мислат дека таа е кул бидејќи се вози на скејтборд.
За да стане уште поневеројатна оваа приказна, се погрижиле продуцентите на хит серијата „Американската хорор приказна“ кои и дале работа да глуми во улогата „безногата Сузи“.
Погледнете ја неверојатната приказна на Роус која сме сигурни дека ќе ве изненади и запамтете дека секогаш треба да бидете благодарни на се што имате во својот живот!
