Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова се најпознатите руски згради направени од мраз...

(ВИДЕО) Ова се најпознатите руски згради направени од мраз...

Москва се подготвува за Нова година, и по тој повод го  отворија Фестивалот на мразот. 

Ова е вистинска атракција, а сите направени згради до детали  личат на најпознатите руски објекти. Паралелно со ова се осветлени во различни бои, што ги прави уште повеќе привлечни.

Организаторите велат дека врв е скулптурата на Кремљ, направена од мраз и висока над 10 метри.

За сето ова употребени се над 1000 тони природен мраз.

Мразот е пренесен во Москва од Бајкалското и други езера. Секој блок од мраз, употребен за изградба за изградба на зградите  тежи најмалку 120 килограми.

Атмосферата на прославите се дополнува со оган и куклени претстави.

Се очекува над 800 000 луѓе да ги видат зградите од мраз. 


Слично

Поврзани вести