Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОТКРИТИЕ НА НАСА: На Сатурн откриени океани во кои има ЖИВОТ?!

(ВИДЕО) ОТКРИТИЕ НА НАСА: На Сатурн откриени океани во кои има ЖИВОТ?!

Aмериканската вселенска агенција НАСА вечерва претстави откритија поврзани со океаните на Сатурн.

Се работи за податоци добиени врз основа на примероци кои ги собрала сондата Касини. Таа сонда, која својот речиси 20-годишен пат ќе го заврши наесен со удирање во површината на Сатурн, дала клучни податоци за таа планета и нејзините месечини.


Веста се однесува на месечината на Сатурн „Enceladus“ за кој уште претходно е утврдено дека е покриен со мраз, под кој се океаните. НАСА сега објави дека во поедини подрачја на тие океани се случуваат процеси кои создаваат метан.

Научниците тоа го заклучиле врз основа на количините на  водород во облаците кои се создаваат над јужнот пол на „Enceladus“.Таа значајно е поголема од очекуваното па се заклучува дека хидротермалните процеси се чести и дека океанот под површината на „Enceladus“ влијае взаемно со карпите и органски соединенија.


НАСА тврди дека дошла до заклучок дека во океанот на „Enceladus“ постојат зони во кои може да има живот, многу сличен на оној на Земјата. Не тврди дека таму има живот, туку дека може да има, односно дека постојат некои основни претпоставки за негово одржување.

Слично

Поврзани вести