Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Орел-мршојадец со камера на грбот се спушти од највисоката зграда во светот

(ВИДЕО) Орел-мршојадец со камера на грбот се спушти од највисоката зграда во светот

Орел-мршојадец по име Даршан изврши лет од највисоката во светот зграда - Бурдџ Калифа во ОАЕ. Орелот непречено се спуштил од високата 828 метри кула и поставил светски рекорд за летање од највисоката зграда .

На земјата во близина на облакодерот го чекал неговиот дресер, птицата слетала на раката со громогласен аплауз од приутните.

Летот на птицата е снимен од минијатурна камера, поставена на неговото тело.

Имено еколозите сметаат не само да  го урнат рекордот, туку и да привлечат внимание со оваа акција кон програмата за зачувување на птиците, кои се наоѓаат под закана од изумирање.

Орелот-мршојадец е птица грабливка од семејството на јастреби со распон на крилата над два метри. Во Европа овие птици, често се нарекуваат царски орли. Во Меѓународната Црвена книга мршојадецот има статус на ранлив вид со можно намалување на бројноста. Основна причина се губење на места за гнездење поради човечки активности, масовно истребување, недостаток на доволно храна во ареата на живеење.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=4uJnivXGy0k[/embed]
Слично

Поврзани вести