ВИДЕО:Онлајн музеј на корупцијата отворен во Букурешт
Онлајн музеј на корупцијата, посветен на најпознатите случаи на злоупотреба е отворен во Романија.
Музејот го претвора чинот на давање на поткуп во уметничко дело, а посетителите можат да ги тестираат и знаењата во областа на личен интерес со криминални цели. Проектот е дело на романска дигитална агенција и покажува слики кои ја одразуваат корупцијата како начин на живот. Изложбата, која е достапна само на романски јазик, може да биде разгледана и преку тридимензионално видео на YouTube.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/nUXX-eYFPuw[/embed]Темата е особено актуелна во модерна Романија. Романската агенција за борба против корупцијата се занимава со над 10 000 случаи на злоупотреба. Романија го зазема 69-место во индексот за перцепција на корупцијата, но ЕУ ги цени обидите на земјата да го совлада проблемот.
