Видео: Одмор од соништата во Рајскиот остров Атлантис
Рајскиот остров Атлантис на Бахамите е еден од најфантастичните водни ресорти на планетата со огромни аква паркови, базени со ултра модерни функции, како и огромен аквариум со морски животни кој држи Гинисов рекорд по својот диверзитет, површина и убавина.

Ресортот Рајскиот остров Атлантис е надополнет со ресторани со интернационална кујна од најдобрите готвачи, располага со казина и ноќни клубови, па така има содржини за сите генерации и видови на посетители.

Престојот во Рајскиот остров Атлантис на Бахамите е навистина одмор од соништата, па ако сонувате за некое вакво патување погледнете го видеото во продолжение.
Слично
