(ВИДЕО) Одлична клима, вкусна храна, преубава архитектура: Овој град е топ дестинација на годината!
Сан Мигел де Алјенде, градчето сместено во јужно Мексико магазинот за патувања Travel + Leisure’s го наградил со признавање за дестинација на годината.
Причините за тоа се одлична клима во текот на целата година, па нема погрешен тајминг за патување како и бројни фестивали за љубители на музиката или запознавање на тардиционални обичаи.

Џезот и блуз фестивал се закажани за есента, во пролетта се одржува фестивал на куклите, а секој јуни Сан Мигел де Алјенде го преплавуваат костимираните политичари и славни личности на „Фестивалот на лудите“.
Високо на листата активности во кои уживаат посетителите, но ги обожува и домашното население, се природните извори Ла Грута. Таму се капат во природни базени или пливаат низ мрачниот тунел до пештерата со топла вода. Популарно е и да се препуштите на волшебствата на астечка ритуална купка во која пареа со добива со загревање на чај.

За да се запознаете со разновидни локални намирници најдобро е да се упатите на пазарот Каза Колектив, каде се продава органско овошје, зеленчук и зачини.
Ако почне да ви се јаде во близина се ресторани со традиционална кујна која нуди специјалитети како густа мексичка супа (позола), такос и јадења од тортиља.
Шетајќи се по цветните улични задолжително разгледајте ја и единствената Црква Свети Михаел која доминира со градот. Ако наидете во текот на заоѓањето на сонцето, ќе видите како бојата и се менува во блескаво портокалова нијанса, а во недела може да се сретнат свечено облечени младоженци и млади невести.
