Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Од самохрана мајка до шефица на компанија со милионски приходи

(ВИДЕО) Од самохрана мајка до шефица на компанија со милионски приходи

После разводот во 2008 година, мајката на три деца Мелиса Киелинг останала очајна и без пари. После десет години останување дома и грижа за деца, можностите за вработување биле никакви, а банката дури и го запленила и автомобилот.

Единствено што Киелинг имала идеја за ладна торба за храна која настанала после жалбата на учениците како омилените јадења пребрзо им се загреваат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EOcLiO8ygM4[/embed]

Американката веднаш се фрлила на работа и тргнала во изработка на сосема поинаква „торба-ладилка“. За својот прв примерок употребила завеса за туширање и лед, од кројач побарала помош при шиење, а  потоа побарала кој гел може најмногу да ја излади храната во торба.

Кога завршила, прототипот им го покажала на пријателите кои го препознале потенцијалот и ја поддржале со 200 000 долари колку што и биле потребно за изработка на 5000 торби во локална фабрика.

Погледнете го видеото во кое таа ќе ве мотивира да ја реализирате вашата замислена идеја.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KPw17DTbsDs[/embed]  
Слично

Поврзани вести