(ВИДЕО) Обама под сериозни критики – џвакал мастика за време на француската химна!
Американскиот претседател Барак Обама се соочува со големи критики на социјалните мрежи откако се појави видео во кое тој џвака гума за џвакање (веројатно никотинска) и тоа за време на интонирањето на француската химна на одбележувањето на Денот Д во Нормандија.
Како „вулгарно“ и „срамотно“ се оценува однесувањето на Обама на одбележувањето на важниот јубилеј - 70 години од истоварувањето на сојузничките трупи на брегот на Нормандија. Еден од корисниците на социјалните мрежи го нарекол американскиот претседател „мангуп“.
И на комеморацијата на јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела минатата година Обама исто така беше снимен како џвака мастика, па дури и како си се фотографира, што предизвика негодувања на јавноста.
Американскиот претседател е поранешен пушач и често е критикуван затоа што во јавност џвака гуми за џвакање, а неговите блиски соработници објаснуваат дека на овој начин тој се бори птоѕив желбата за пушење.
Дали е толку страшно однесувањето на Обама, проценете самите:
http://www.youtube.com/watch?v=7aTcvnnpd7s
Слично
