Видео: Обама ја купи луксузната вила во Вашингтон
Поранешниот американски претседател Барак Обама за неговото семејство ја купи вилата во Вашингтон во која додека ја извршуваше функцијата престојуваше повремено за викенди или одмори.
Вилата е одалечена на околу 3 километри од Белата куќа, располага со огромен имот и има десетина спални соби, посебен простор за гости, сали за состаноци и свечености, а е вториот најскап дом во Вашингтон по вилата на шефот на Амазон Џеф Безос. Во оваа вила привремено живееле и претседателите Вилсон и Рузвелт.
Семејството Обама вложи 8 милиони долари за луксузниот имот што во споредба на пример со новиот претседател Трамп е многу скромно.
Белата куќа троши 8 милиони долари месечно бидејќи Трамп често своите состаноци ги одржува на неговиот имот во Мар а Лаго на Флорида кој е огромен и е ужасно тежок да се обезбеди бидејќи има отворен пристап од море и копно.
