(ВИДЕО) Новинар ја изненади Меркел – и запеа „Среќен роденден!“
Денеска и е роденден на германската канцеларка Ангела Меркел, која полни точно 60 години.
На пресконференцијата закажана за денеска, таа доби вистинско роденденско изненадување од новинар на Би-Би-Си. Кога го повикаа да и постави прашање на Меркел, новинарот најави дека најпрво мора нешто да направи, а потоа на изненадената Меркел и ја запеа познатата роденденска песна „Happy Birthday“ („Среќен роденден“).
На овој начин тој ја насмеа веројатно најмоќната жена на светот, која открила дека новинарот е прв кој од утрово и ја испеал таа песна, но декароденденот веќе и го честитале лидерите на останатите земји-членки на ЕУ, од кои добила цвеќе.
Погледнете ја нејзината реакција:
http://www.youtube.com/watch?v=YsTVdrGK1Ws
Слично
