Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВАК ШАМПИОН: Трета Вимблдонска круна за српскиот гениј!

(ВИДЕО) НОВАК ШАМПИОН: Трета Вимблдонска круна за српскиот гениј!

Новак Ѓоковиќ по трет пат успеа да го освои турнирот во Лондон и баш како и во 2011 повторно го освои својот сон, бидејќи Вимблдон се смета за најпрестижен грен слем турнир во тенис. Во големото финале Новак одигра маестрално, иако имаше доста проблеми, успеа на крај да потврди дека моментално, без дилема е најдобар тенисер на светот, и тоа убедливо.

После повеќе од три часа игра, Новак го победи еден од своите најголеми ривали Роџер Федерер.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_zrWC75t63I[/embed]

Првиот сет Новак го доби со резултат 7:6, вториот го изгуби со 6:7, но менталната сила успеа да ја врати во третиот сет, ја забрза играта и ја сврте во своја корист. Ноле четвртиот сет го доби со големи тешкотии, но со резултат 6:3.

После многу драматичните борби во првиот и вториот сет, Новак сепак остана со ладна глава и дојде до својта трета титула на Вимблдон.

Слично

Поврзани вести