(ВИДЕО) Научниците создадоа прозирно јајце
Научниците во Кина измислиле систем кој овозможува преку школката на јајцето да се следи развојот на пилешкиот ембрион.
Двајца научници од Универзитетот во Пекинг го презентираа својот напредок во развојот на ембриони создадени преку вештачки проѕирна лушпа на јајце.
Ова стана можно со помош на полидиметилсилоксан - метод кој овозможува производство на транспарентна школка, која е реплика на вистинска пилешко јајце.
Таканаречената „LOC“ шема се состои од 3D микрофлуид клетки кои го стимулираат развојот на голем број органи, како што се срцето, бубрезите и кожата, но тешко е да се направи реплика на целиот ембрион. Професорот Лиу Џинг и неговиот ученик Лаи Ју одлучиле конвенционалната хемиска основа на „LOC“ шемата да ги заменат со биолошка база.
На овој начин се користат повеќе техники со кои е лесно да се влијае врз развојот на ембрионот и да се следи неговиот напредок.
Низата експерименти кои научниците ги вршеле во текот на две години, биле успешни реплики на ембриони кои се „одгледувани“ и успеале да опстанат на проѕирната лушпа 17,5 дена.
