Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ СО СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Ова би можело да го реши проблемот со пластика во океаните

(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ СО СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Ова би можело да го реши проблемот со пластика во океаните

Научниците неодамна дошле до сензационално откритие кое би можело да го реши проблемот на океаните.

Повеќе од 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните само во текот на една година, убивајќи го морскиот живот и уништувајќи го екосистемот.

Но, изгледа дека научниците се блиску до решение. Откриле дека протеините пронајдени во лигњите може да користат за создавање на одржливи алтернативи на пластика.

Лигњите го фаќаат пленот со помош на вакуумските чашки на своите пипки. Тие „чашкички“ се опремени со остри „прстенасти заби“ кои ја држат храната.

Забите се направени од протеини кои се слични на свилата, а тие во последните неколку години се многу интересни за истражување.


Мели Демирел од Државниот универзитет во Пенсилванија, главниот автор на овој извештај, вели дека неговиот тим произвел прототип на влакна, премаз и 3Д предмети изработени од протеините на прстенастите заби на лигњите таканаречени СРТ.

Демирел вели дека тие се природни материјали биоразградливи и би можеле да пружат одлична алтернатива за пластиката.

СРТ протеините може да се произведат во лабораторија со помош не генетски модифицирани бактерии, што значи дека лигњите не мора да се убиваат. Процесот се заснова на ферментација, користење на шеќер, вода и кислород.

Според истражувањето, СРТ протеините имаат „вонредни својства“ а материјалите од нив се еластични , флексибилни и силни. Тие исто така имаат способност за термичка и електрична спроводливост но и самообновување, што дава потенцијал за некои нови примени.

Слично

Поврзани вести