Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Научете како настануваат бисерите!

(ВИДЕО) Научете како настануваат бисерите!

Накитот обично се изработува од скапоцени метали и друг драгоцен камен кој се наоѓа во земјата, но приказната со бисерите е малку поинаква...

Бисерите се единствените кои се наоѓаат во внатрешноста на живите битиа-остригите, и се резултат на биолошки процес со кој остригите се бранат од „натрапници“. Освен од остриги бисери произведуваат и школките, но тоа е многу ретка појава.

Формирањето на природен бисер почнува кога непознато тело  (зрно песок)  влезе во остригите. Нејзината природна реакција е да го отфрли тоа тело за да се заштити, но тоа го прави така што го прекрива со слоеви од седеф за да го заштити своето меко тело.

Накратко, бисерот е страно тело во внатрешноста на школката прекриено со слоеви од седеф. Повеќето бисери ко ги гледаме во проданиците со накит се убаво заоблени и тоа е резултат на уметничко декорирање. Ги има во разни бои - бели, црни, сива, црвена, плава и зелена. Повеќето бисери можат да се пронајдат во целиот свет, но црните бисери се автохтоно потекло од јужниот Пацифик.   Уште некои интересни факти поврзани со бисерите погледнете во видеото подолу.
Слично

Поврзани вести