(ВИДЕО) НАСА СО НОВО ОТКРИТИЕ : Услови за живот на друго место?
Американската веселенска агенција објави синоќа снимки кои ги направил телескопот “Habl” кои докажуваат дека на сателитот на Јупитер - Европа постои океан исполнет со вода, која се наоѓа под неколку километри дебел слој мраз.
Научниците наведуваат дека е можно и постоење на вода на површината на Европа, како и дека нашле можни докази за постоењето на водата и на други Јупитерови природни сателити.
Пол Херц, директор на одделечнието за астрофизика,рекол дека е задоволен со откритието и дека конечно на прашањето дали постои живот надвор од Земјата е можен ќе може да понуди научен одговор.
„Каде и да има вода на Земјата, има и живот и гранливи материи, а со оглед на тоа дека водата е пронајдена на Европа, тоа значи дека таму има и живот“, смета Херц.
Тој навел дека овој настан го зајакнал уверението дека водата и хранливи материи од скриените океани на Европа, може да се најдат и на нејзината површина и дека НАСА ќе ја проучи можноста за слетување на сателитот на Јупитер, како би извршила дополнителни истражувања.
Масовни водени океани од внатрешноста на месечината, како што се верува, имаат толку сила да водата редовно се исфрла на негова површина. Откритието е овозможено со ултра-виолетови камери кои се поправени во 2009 година.
Минатата недела, НАСА најави дека ќе одржи течефонска конференција на која ќе обелодени изненадувачки активности кои се случуваат на Европа, еднаш од 67 Јупитерови природни сателити.
