Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Направија хартија која не може да се запали и намокри со течност

(ВИДЕО) Направија хартија која не може да се запали и намокри со течност

Кинески научници од Шангај направија хартија отпорна на оган и течност. 

Тие на структурата на хартијата додале посебен вид на калциум кој го изолирале од животински коски и забна глеѓ.

Оваа хартија е отпорна на  200 степени Целзиусови, како и на контакт со различни видови течности, како вода, кафе, сок и слично.

И претходно постоела хартија која била отпорна на оган или на течност, но новата хартија е прва која истовремено е отпорна на двата фактори.

Научниците работеле на проектот од 2008 година, а на пазарот хартијата ќе се најде во рок од три месеци. Почетната цена ќе биде нешто повисока од цената на обичната хартија, но со тек на времето, масовното производство ќе доведе до намалување на цената.

Новата хартија ќе биде погодна за важни документи кои лесно ќе можат да се чуваат со векови и без специјално опремени архивски простории.


Слично

Поврзани вести