Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мултимилионер живеел во луксуз, но решил да замине на пуст остров

(ВИДЕО) Мултимилионер живеел во луксуз, но решил да замине на пуст остров

По „црниот вторник“ во 1987 година кога изгубил на берза, се нашол во дилема дали да го обнови богатството или да се пресели на пуст остров. 

Дејвид Глазен лускузот го заменил со пуст остров каде живее 20 години. 

Тој се преселил на мал остров на североисточниот брег на Австралија. 

Решил да го смени животот откако во Сиднеј изгубил 6.2 милиони евра. 

Глазен вели дека и по две децении проблем за него се изолацијата и осаменоста. 

„Ако работите тргнат наопаку, вашиот живот е во ризик и вие сте свесни за тоа. Дивината може да биде сурова и тоа е тежок свет“ - вели тој. 

Тој бил претседател на компанија која барала злато на Папуа Нова Гвинеја, а на врвот од својата кариера имал 25.5 милиони евра и вложувал во недвижнини во Сиднеј. 

Додава дека средината каде се наоѓа за него е подобра ако се земе в предвид дека терористички напади има низ светот. 


Слично

Поврзани вести