Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мукаетов: „Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери

(ВИДЕО) Мукаетов: „Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери

- „Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит. 

Тука и сега работиме со посветеност, градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат.

На прагот на годината во која одбележуваме 90 години од основањето на „Алкалоид“, би сакал да им оддадам почит на позитивните вредности што ги поврзуваат нашето минато, сегашноста и иднината.

Со искрена верба посакувам и натаму да продолжиме да ја градиме нашата успешна приказна заедно, со посветеност, визија и заедничка одговорност, рече Живко Мукаетов,генералниот директор на „Алкалоид“ во своето предновогодишно видео-обраќање.

Освнувајќи се на работењето во 2025,Мукаетов рече дека биле одбележани 50 години од воведувањето на информатичката технологија, која половина век е клучна поддршка во глобалната експанзија на компанијата. 

- Континуирано инвестираме во нови софтвери и нивна интеграција во процесите, а во некои сегменти започнавме и со користење алатки на вештачката интелигенција.

Покрај континуираното инвестирање во нови технологии, „Алкалоид“ неодамна ја пушти во употреба новата Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитетот, со капацитет од приближно дваесет илјади анализи годишно, која ја позиционира компанијата како регионален лидер во фармацевтската микробиологија и во контролата на лекови, додаде Мукаетов.


Слично

Поврзани вести