Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Масовно производство на летачки автомобили започнува во 2017 година

(ВИДЕО) Масовно производство на летачки автомобили започнува во 2017 година

Компанијата „AeroMobil“ од Братислава ги открива плановите за 2017 година со што ќе започне масовно производство на летачки автомобили. Тоа го изјавил извршниот директор Јурај Вацулик на фестивалот „South by Southwest“ во Остин, пренесува „Daily Mail“.

Современата конструкција на аеромобилот вклучува склопување на крило и му овозможува на леталото да полета од затревена ливада или од вистински пат. За целта машина треба само 200 метри лента.

Четири бензински мотор „ROTAX 912“ овозможува аеромобилот  да прелета со полн резервоар до 700 километри на брзини од минималните 60 до 160 км / час. За правење на возилото се користат јаглеродни влакна. Неговата маса е само 450 кг. Има должина од 6 метри а ширината на повлечените крилја е 1,6 метри.

Конструкцијата е направена само за две лица - пилот и патник. Пилотот мора да има специјална дозвола за пилотирање.

Вацулик планира да создаде и беспилотна верзија на машината (во постоечката верзија двете задни седишта се зафатени од крилото во спуштената состојба), а исто така и регулирање на правните прашања за нејзината експлоатација во ЕУ.

Вацулик се занимава со Летечки автомобили од 1990 година . Во 2013 година тој го покажал во Монтреал првиот работен прототип на возилото, а во 2014 година во Виена е демонстрирана подобрена верзија. Вредноста на првите автомобили се очекува да биде неколку стотици илјади евра, но во „AeroMobil“се надеваат потоа цената да падне значително.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=kzYb68qXpD0[/embed]
Слично

Поврзани вести