(ВИДЕО) MAЛА ДРЖАВА, НО ЌЕ СЕ ПРОШИРИ: Простор им треба на милионерите
Втората најмала држава во светот, Монако ќе се прошири затоа што на милионерите им треба простор.
За да се спасат од даноци, богатите се преселуваат во Монако.
Принцот Алберт Втори одобри да се купи површина за да се прошири брегот.
За 2700 милионери се потребни недвижни имоти, а толку се очекува да се населат во Монако во следните 10 години.
Монако има 38.000 жители, од кои 35 до 100 се милионери.
Државата ќе купи 6 хектари површина и на овој простор ќе изградат 250 луксузни куќи.
Засега метар квадратен површина има цената од 90.900 евра.
Оној кој сака да се пресели во Монако, мора да има сметка во банка, да има депозит од 500.000 евра и да престојува најмалку 6 месеци во земјата.
Слично
