Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Лондон: Tower Bridge Glass Floor – нова туристичка атракција

(ВИДЕО) Лондон: Tower Bridge Glass Floor – нова туристичка атракција

Стаклената платформа на  „Tower Bridge“ која се наоѓа на 43 метри над Темза е нова туристичка атракција во Лондон.

Ова сеталиште се наоѓа на западната страна на мостот, додека од спротивната страна ќе биде отворен од 1 декември.

Стаклените панели кои чинеле милион фунти, се тешки по 450 килограми и толку голем да за поставувањето бил задолжен тим од 20 луѓе.

Од висина набљудувачите можат да ги гледаат прометните улици и бродови под нив.

Изградбата на „Tower Bridge“  траела осум години и официјално е отворен во 1894 година од страна на тогашниот принц и принцеза од Велс (идниот крал Едвард VII и кралицата Александра).

Прошетката по новиот стаклена патека се плаќа и тоа - за возрасни картата чини околу 11 евра, за деца (од пет до 15 години), пет евра, а за студенти осум, колку чини и влезот за постари од 60 години.

Слично

Поврзани вести