Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) LG G3 помина два часа под вода и преживеа?!

(ВИДЕО) LG G3 помина два часа под вода и преживеа?!

LG G3 телефонот е еден од ретките телефони од горната класа кои немаат ИП серификација - која означува дека телефонот е водоотпорен и отпорен на прашина. Сепак, отсуството на ИП сертификатот не го спречува овој уред со неговите надворешни влијанија да се однесува успешно.

Најновото видео покажува како LG G3 преживеа цели два часа потопен во вода, и после тоа функционираше како ништо да не се случило.

Во текот на лансирањео на G3 телефонот, од LG изјавија дека се откажуваат од ИП сертификацијата за новиот уред, бидејќи стандардите на квалитетот кои ги одобрил ИП одборот не се јасни (на пример, што ќе се случи доколку телефонот, кој е стандардизиран на водоотпорност од 30 минути, во вода го ставиме 29 минути, го извадиме и тогаш започнува или имаме само уште минута?)

Од LG велат дека има уште неколку причини поради кои не сакале ИП сертификат за LG G3. Во секој случај, видеото кое денеска кружи низ ИТ сајтовите, секако не може да биде гаранција дека секој LG G3 ќе биде отпорен на вода и прашина до ист степен.

Меѓутоа, секако е добро да се знае дека телефонот ќе биде во ред доколку случајно ви падне во вода.

Слично

Поврзани вести