(ВИДЕО) Леден предизвик во висок стил: Мисици го полија Доналд Трамп
Доналд Трамп се приклучи на акцијата на АЛС „Ice Bucket Challenge“ (ледениот предизвик) и се полеа со ладна кофа вода, но на својствен начин само за него, во придружба на две мисици.
На ледениот предизвик одговори и американскиот мултимилионер Доналд Трамп (68) за да учествува во глобалната акција подигање на совеста за АЛС. На прилично импресивен начин покажа дека е еден од најбогатите луѓе на светот, на кровот на еден од своите облакодери во Њујорк е полиен со лед и ладна филтрирана вода од неговата марка, и тоа од страна Мис Универзум и Мис Америка. Освен тоа, Доналд ја искористи оваа шанса и за еден вид самопромоција, како би му докажал на светот дека косата на неговата глава не е перика, туку вистинска природна. А ги предизвика своиѕе синови и претседателот на САД Барак Обама. Погледнете:
Слично
