Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Куќа чини како кафе - сите ја сакаат

(ВИДЕО) Куќа чини како кафе - сите ја сакаат

По многу неуспешни обиди да ја продаде својата вила од милион долари, Данстан Лоу одлучи да ја понуди за 2.5 долари. 

Тој својата вила ја нуди на лотарија, а за да учествувате треба да купите тикет од 2 фунти. 

Лоу се надева дека до август ќе бидат продадени 500.000 тикети. 

Засега добро му оди и продал 150.000 тикети. 

Ако бројот на продадени тикети го надмине бројот кој тој го очекува, 25.000 фунти ќе бидат донирани за хуманитарни цели. 

Во 2011 година вилата ја купил за 450.000 фунти, а за реновирање дал уште 150.000 фунти. 

Лоу многу ја сакал вилата, многу вложил во неа, но поради тешката ситуација во која се нашол морал да ја продаде. 

Интерес за лотаријата има и од Кина и Русија. Извлекувањето е на 1 август. Вилата има 6 спални, голема бања, кујна, голема бавча и простор за паркирање на 6 автомобили. 


Слично

Поврзани вести