(ВИДЕО) Ќе се шокирате: Ова може да се случи со вашиот багаж на еден аеродром во Италија?
Кога нашиот багаж се изгуби на траката при чекирање на летот не очекуваме дека работите ќе ни бидат „мазени и пазени“, но сепак ова е малку повеќе од претерано...
Аматерското видео кое го направил еден од патниците на авиокомапнијата „Рајанер“ открива со колку невнимание персоналот на оваа компанија постапува со багажот на патниците.
Видеото на Јутјуб го постирал корисникот Неријус Лауринаитис, кој бил еден од патниците на летот од Бергамо во Италија.
На споменатата видео снимка се гледа како еден од носачите го фрла куферот кон возилото кое би требало куферот да го однесе во авион. Претходно, истото возило добри десет метри го влечеше куферот по површината на пистата.
- Ние во „Рајанер“ сме концентрирани на тоа да ги задржиме најниските можни цени на летот, како и тоа нашите летови никогаш да не доцнат. Секако, никогаш не правиме компромиси со безбедноста на патниците, иако нашите носачи на куферите баш и не се совршени-изјавиле во компанијата.
Погледнете го сами видеото, па одлучете дали ќе се возите со авион на „Рајанер“ .
