Видео: Кирк Даглас, шампионот на Холивуд, прослави 100-ти роденден
Кирк Даглас го прослави својот 100-ти роденден, а многумина го обожуваат поради легендарните улоги во бројни филмски хитови во изминатите децении. Шампионот од Холивуд и како млад актер, но и како доста возрасен никогаш не се предавал во филмовите кои ги снимал, па без оглед на предизвиците се вложувал целосно во улогите и ликовите кои му се доверени.

Тој е еден од последните живи актери од златната ера на Холивуд, роден е во Њујорк, а само два пати се оженил, со тоа што вистински наследник се покажа Мајкл Даглас кој е еден од подобрите холивудски глумци, особено во 80-тите и 90-тите. Неговото вистинско име е Исур Данилович Демски и има белоруско потекло.

Кирк во последните две децении ретко се појавуваше на филм, ТВ или театар и за жал ретко се појавува во нови проекти, па ужива во својата сосема заслужена пензија.
